Шестгодишник собра 250 илјади долари за помош... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 20 јануари 2020
sest1q.jpgШестгодишно момче од Масачусетс, САД, собрало над 250.000 долари за помош на животинскиот свет погоден од катастрофалните пожари во Австралија, правејќи и продавајќи мали коали од глина.

Малиот Овен Каули изјави дека ја почнал акцијата на собирање средства од едноставна причина – затоа што сака животни.

„Најмногу ги сакам коалите затоа што се качуваат на дрвја“, кажа Каули.

Неговите родители Кејтлин и Сајмон велат дека Овен сакал да пронајде начин како да им помогне на животните.


„Кога Овен првпат дозна за пожарите, многу се вознемири. Ме праша дали има настрадани животни и јас му реков дека има. Тогаш првпат посака нешто што не е за него и заедно дојдовме на идеја да ги прави овие мали коали како подарок за пријатели и роднини кои ќе донираат нешто“, вели Кејтлин Каули.

Преку овие мали сиви коали, неговите родители ги упатуваа луѓето да донираат на Wildlife Rescue South Coast, волонтерска група за заштита на див свет од Нов Јужен Велс. Секој што ќе донираше 50 долари или повеќе добиваше една коала и за кратко време била надмината првично поставената цел од 1.000 долари. Семејството потоа отвори страница за донирање на GoFundMe, на која за неполни десет дена биле собрани 250.000 долари.

Толку многу донации доаѓаа, што ни снема од глината, а сакавме сите да добијат една коала“, вели Кејтлин.

Овен како мал едно време живеел во Австралија, каде што пораснал татко му. На него му требаат три-четири минути за да направи една коала, која потоа се пече 17 минути.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive