Најскапото вино на светот (40 илјади долари) се прави... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 19 јануари 2020
najskapo1w.jpgПознато е дека добри вина доаѓаат со висока цена, но 40.000 долари за шише звучи малку претерано. Сепак, унгарската винарија „Ројал Токаји“ вели дека нејзината ограничена серија на вино „есенција 2008“ вреди секој цент. Произведени се само дваесет 1,5-литарски шишиња од ова вино, дизајнирани од уметникот Џејмс Каркас, од кои 18 беа пуштени во продажба лани.

Кога беше лансирано, „есенција 2008“ беше опишано како „најскапо вино на светот“ и иако ова е дискутабилно, минатата година навистина не можело да се купи поскапо вино. Секое шише е направено со дување на стакло, без калап, што значи дека не постојат две исти. Досега се продадени 11 шишиња, кои се пакувани во лакирана црна кутија.


„Есенција“ е направено од грозјето од популарниот вински регион Токај, североисточно од Будимпешта.

„‘Есенција‘ е чудо на природата. Потребно е многу труд за да се направи и бара неколку години работа во подрум. Има мал процент на алкохол, но задржува многу, многу од природната сладост. Толку е благо и концентрирано, што се пие од лажица, место од чаша“, вели Орши Сенткирали, енолог од Лондон.

За да се добие една лажица од ова вино, кое содржи само 3% алкохол, потребни се еден килограм грозје од сортата асу, „нападнато“ од посебен вид мувла.

Токајските вина важеле за најскапи на светот и во почетокот на 20. век. Тие се споменуваат и во книгата „Дракула“ на Брем Стокер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive