Амстердам ќе ги откупи долговите на младите за да... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 18 јануари 2020
amster1q.jpgАмстердам ќе ги преземе долговите на младите, со цел да им ја олесни ситуацијата на оние кои се мачат да почнат со работа или да продолжат со образование.

Натрупаните долгови меѓу младите Холанѓани, тренд што е присутен низ цела Европа, се смета за голема пречка за влегување на пазарот на трудот или за комплетирање на високото образование.

Според пробниот проект на градот, општинска кредитна банка ќе преговара со кредиторите да ги откупи долговите. Кредиторите ќе добијат 750 евра како поттик да го префрлат долгот. На младите ќе им се отпише уште поголем дел од долгот доколку успешно се приклучат на тренинг за работа или образовна програма.

„Долговите предизвикуваат стрес и тие често ја одредуваат иднината на младите. Многумина од нив се најдоа во ситуација од која не можат да излезат без помош. Затоа ние сега ќе им помогнеме за да можат да направат нов почеток“, изјави заменик градоначалничката Марјолен Морман.

Според официјални податоци, повеќе од една третина амстердамци на возраст меѓу 18 и 34 години се во долгови. Просечен студентски долг во Холандија во 2019 изнесуваше 13.700 евра.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive