Се фрлаат тони моркови и компири во Австралија за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 14 јануари 2020

mork1q.jpgВластите на Нов Јужен Велс, една од најпогодените области од катастрофалните пожари во Австралија, употребија хеликоптери за да достават храна на илјадници прегладнети животни.

Тие исфрлија еден тон морков и сладок компир во операцијата „Rock Wallaby“, која имаше за цел да обезбеди храна за големата колонија на валабија, вид помал кенгур.

 „Изминатата недела на неколку локации се исфрлени над еден тон морков и сладок компир. Во пожарите изгореа неколку живеалишта на валабија, кои можат да избегаат од огнот, но потоа тешко доаѓаат до храна“, изјави министерот за енергетика и животна средина на Нов Јужен Велс, Мет Кин.

Валаби спаѓа во загрозени видови животни, откако во минатото имало 15 различни видови во Австралија.

Пожарите кои почнаа уште во септември предизвикаа огромни уништувања на животинскиот свет. Екологистот Крис Дикмен од Универзитетот во Сиднеј проценува дека досега умреле над милијарда животни, не вклучувајќи риби, жаби, лилјаци и инсекти.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive