Петкоска-Не видовме хуман третман на бездомните... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 14 јануари 2020
lidka1q.jpg-Хуманиот третман на бездомните животни остана само чиста лага на власта на СДСМ, градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски, кажа на денешната прес конференција Лидија Петкоска, претседател на Унија на жени ОК Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.

-За тоа сведочат потресните фотографии и видеа кои ги објавуваат граѓаните. Искасани граѓани, отруени, болни, тепани и убивани животни на улиците во општина Охрид. Наместо градење стационар, имаме револтирани и беспомошни граѓани.

Зошто и покрај неколкуте одлуки на Совет и обезбедените 1,300,000 денари средства од Буџетот на општина Охрид сѐ уште нема ништо од функционирањето на стационарот?

И покрај шинтерската служба, спроведени тендери за ветеринарни услуги, услуги за дезинфекција и дератизација, снабдување храна за кучиња и обезбедување на превозни средства за заловените кучиња решавањето на проблемот со бездомните животни остана само класична предизборна приказна.

 иректорот Грданоски наместо да го игнорира овој проблем веднаш да си поднесе оставка.

Ако Грданоски тоа не го стори, тогаш градоначалникот Георгиески да го разреши затоа што само така ќе докаже дека се грижи за Охрид да остане во УНЕСКО, за Македонија да оди во ЕУ и за хуманиот третман на бездомни животни да биде на европско ниво.

Ги повикуваме надлежните институции да ги откријат и соодветно да ги санкционираат сторителите на овие грозоморни труења.

Охриѓани и туристите не очекуваат чуда. Тие бараат исполнување на ветеното, конечно да го изградите и да профункционира ветениот стационар.

Огромна и неспоредлива е разликата помеѓу она што направивте и она што најавивте дека ќе го направите, а времето истекува, рече Лидија Петкоска

Последни измени ( вторник, 14 јануари 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive