Петкоска-Не видовме хуман третман на бездомните... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 14 јануари 2020
lidka1q.jpg-Хуманиот третман на бездомните животни остана само чиста лага на власта на СДСМ, градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски, кажа на денешната прес конференција Лидија Петкоска, претседател на Унија на жени ОК Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.

-За тоа сведочат потресните фотографии и видеа кои ги објавуваат граѓаните. Искасани граѓани, отруени, болни, тепани и убивани животни на улиците во општина Охрид. Наместо градење стационар, имаме револтирани и беспомошни граѓани.

Зошто и покрај неколкуте одлуки на Совет и обезбедените 1,300,000 денари средства од Буџетот на општина Охрид сѐ уште нема ништо од функционирањето на стационарот?

И покрај шинтерската служба, спроведени тендери за ветеринарни услуги, услуги за дезинфекција и дератизација, снабдување храна за кучиња и обезбедување на превозни средства за заловените кучиња решавањето на проблемот со бездомните животни остана само класична предизборна приказна.

 иректорот Грданоски наместо да го игнорира овој проблем веднаш да си поднесе оставка.

Ако Грданоски тоа не го стори, тогаш градоначалникот Георгиески да го разреши затоа што само така ќе докаже дека се грижи за Охрид да остане во УНЕСКО, за Македонија да оди во ЕУ и за хуманиот третман на бездомни животни да биде на европско ниво.

Ги повикуваме надлежните институции да ги откријат и соодветно да ги санкционираат сторителите на овие грозоморни труења.

Охриѓани и туристите не очекуваат чуда. Тие бараат исполнување на ветеното, конечно да го изградите и да профункционира ветениот стационар.

Огромна и неспоредлива е разликата помеѓу она што направивте и она што најавивте дека ќе го направите, а времето истекува, рече Лидија Петкоска

Последни измени ( вторник, 14 јануари 2020 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Охриѓанец дрпнал дебитна картичка и од неа извадил...
bankomat1q.jpgСВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од октомври 2019 до декември 2019, пријавениот противправно му одзел банкарска дебитната картичка на Т.Б. од Охрид, по што неовластено навлегол во компјутерски систем со намера за искористување на неговите податоци и во повеќе наврати преку различни банкомати на подрачјето на Охрид и Скопје подигнал вкупно 53.600 денари.
 
Притвор за ограбувачот на аптеки
kradec500.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.П.(49) од Охрид. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Тој, во периодот од 17 до 26.01.2020 , влегол во аптеки лоцирани на булеварот „Туристичка“ и „Сирма Војвода“ како и во една продавница на улица „Ристо Чадо“  и со закани кон вработените, од касата одземал пари. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист.
 
Охриѓанец "олеснувал" ресторани,бутици,маркети...
kradec500a.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.К.(45) од Охрид. Тој, на 19 и 20.01.2020 година, со употреба на подесен алат и физичка сила ги отворал влезните врати и насилно влегувал во ресторани, маркети, бутици и други деловни објекти лоцирани на улиците „Св.Климент Охридски“, „Лазо Трпоски“, „Никола Карев“, „Јане Сандански“ и булеварот „Туристичка“. Притоа одземал пари со што се стекнал со противправна имотна корист.
 
Божиноски:Локалната не води грижа за пазарџиите
perbo1.jpg-Правиот пат на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески значи негрижа за пазарџиите. СДСМ се безидејни и без срам најпрво беа само промотори на затворениот зелен пазар, а сега раководството на ЈП „Градски пазар“ не може ни да го стави во функција, кажа на почетокот на денешната прес конференција портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Охрид,Перчо Божиноски.
Читај повеќе...
 
Нова дограма во ОУ "Свети Климент Охридски"
dograma2q.jpgВо Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во тек е промена на старата со нова висококвалитетна дограма. Нови прозорци веќе се поставени во шест училници и два кабинети. Висококвалитетни прозорци има и во двете нови училници кои се целосно опремени со нов мебел, под од ламинат , а нова просторија е направена и за техничкиот персонал.
Читај повеќе...
 
Охрид со алги ќе ја топи депонијата кај Буково
bukovo1q.jpgОхрид за 20-тина дена со средство кое се добива на база на преработка на посебна алга ќе се обиде да ја елиминира депонијата Буково која со години го загадува градот и околината.
Читај повеќе...
 
Хуманитарен концерт за помош за лекување на Ева
evak1.jpgКУД „Бисери“, в недела на 2 февурари во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе организира хуминатарен концерт за помош на лекувањето на Ева од Охрид.
Читај повеќе...
 
Се поплочуваат делови од "15 Корпус"

poplocuva1q.jpgЕкипи на ЈП „Градски гробишта“  деновиве работат на партерно уредување на четири краци од улица „15-ти Корпус“. Бехатон плочки се поставуваат на површина од 400м2.

Проектот вреден 350 000 денари е финансиски поддржан од Општина Охрид.

 
Во Лескоец татко го нападнал својот малолетен син
tepacka1qq.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,телесна повреда“ и ,,неизвршување на судска одлука“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од охридското село Лескоец. Тој, на 17.12.2019 година во семејниот дом, каде, непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал неговиот малолетен син. Притоа, малолетникот се здобил со повреди кои му биле санирани во Општата болница во Охрид.
 
Раскината концесијата за риболов на Охридското езеро
kocesija1q.jpgВладата на Република Северна Македонија донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive