Филмскиот "мустанг" на Меквин продаден за рекордни... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 13 јануари 2020
filmskim1q.jpgЗелениот „форд мустанг ГТ“, што Стив Меквин го возеше во легендарната бркотница со автомобили во филмот „Булит“, тукушто стана најскапиот „мустанг“ што досега се продал на аукција.

Тој достигна цена од 3,7 милиони долари на годишната аукција на колекционерски автомобили во Кисими, Флорида. Досегашниот рекорд од 2,2 милиона го држеше „шелби ГТ500“ од 1967 година.

„Среќен сум како помина аукцијата, но мојата одлука да го продадам немаше никаква врска со парите. Целта ни беше да поставиме нов рекорд“, изјави досегашниот сопственик Шон Кирнан.

Неговиот покоен татко Роберт го купил автомобилот во 1974 за 3.500 долари.

Во филмот од 1968 година, Меквин го игра полицискиот наредик Френк Булит и дел од 11-минутната сцена на бркотница самиот ја извозел. Неговиот „мустанг“ и „доџ чарџер Р/Т“ на моменти возат со 175 километри на час по улиците на Сан Франциско. Сцената се снимала три недели.

Извор"sdk.mk

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive