Стевче Алушовски нов тренер на европскиот првак Варда PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 01 јануари 2020
aluseski.jpgЕвропскиот ракометен првак Вардар во новата година влегува со нов тренер, откако оваа функција му ја довери на Стевче Алушовски, една од своите легенди.

Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа на местото на Едуард Кокшаров, кој привремено ја водеше екипата по отказот за Шпанецот Писонеро.

„Голема чест и вистински предизвик е да се биде тренер на клубот што има две европски титули во три години. Клубот за кој играв 10 години, бев капитен и освоив вкупно 11 титули секогаш имал посебно место во моето спортско срце. Верувам дека ќе продолжиме по победнички пат. Се надевам дека повредите и малерите ќе нѐ одминат и ќе можеме да ги оствариме зацртаните цели. Секогаш е тешко да се одбрани она што е освоено, но имаме позитивна мисла и голема мотивација”, изјави 47-годишниот Алушовски.

По долги години, тој е првиот домашен стручњак на клупата на Вардар. Токму во домашното првенство Алушовски и ја помина целата играчка кариера, создавајќи богата колекција титули со Пелистер, Преспа јафа промет, Металург и Вардар. Како тренер ги има водено двете битолски екипи, Пелистер и Еурофарм работник, со кој стана вицепрвак на Македонија

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive