Статуата на Ибрахимовиќ во Малме постојано се... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 24 декември 2019
ibra1q.jpgСтатуата на Златан Ибрахимовиќ во Малме беше вандализирана по четврти пат во последните неколку недели откако тој купи акции на ривалски клуб.

Нарачана од Шведската фудбалска федерација, статуата беше откриена минатиот месец пред стадионот на Малме, градот во кој што Ибрахимовиќ е роден и ја почнал фудбалската кариера, но во последниот вандалски чин, ѝ беше откинат носот.

Ибрахимовиќ стана непожелен за локалните жители откако на 27 ноември беше објавено дека купил 25% од акциите на Хамарби, кој оваа сезона беше трет во шведското првенство. Истиот ден, 3,5 метри високата бронзена скулптура беше испрскана со боја, а подоцна и запалена. Врз раката исто така беше оставено седиште од веце шолја.

Уметникот Петер Линде ги повика луѓето да престанат да ја оштетуваат неговата скулптура.

Триесет и осумгодишниот Ибрахимовиќ е во потрага по нов клуб откако му заврши ангажманот во Лос Анџелес галакси.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive