ОМД остро ги осуди заканите по живот врз Стерјова од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 16 декември 2019

emilija1ww.jpgОМД остро ги осудува личните напади и закани со смрт по назначувањето на Емилија Стерјова за градоначалник на градот Витлси, Австралија. 

Емилија, на 22 години, е најмладата жена градоначалник во историјата на Австралија, и нејзините постигнувања не се ништо друго туку причина за славење на сите Австралијци. Со назначувањето за градоначалник на толку рана возраст, Емилија постигна нешто што ги охрабруваме нашите ќерки и генерално младите луѓе да направат: да се вклучат во политичкиот живот како би допринеле до позитивни промени. 

 

Сепак, токму кога нашите малди одлучуваат да се вклучат во политичкиот живот, тие стануваат мета на напади. Како и многу други активисти, Емилија стана дел од групата на Македонци кои се изложени на брутални напади од страна на истите луѓе кои го негираат и потиснуваат македонскиот етнички идентитет.

 

Наместо да ги прослават различностите и етничкиот плурализам во Австралија што беше зајакнат со изборот на Емилија за градоначалник, грчката заедница во Мелбурн ја нападна и вербално ја малтретира Стерјова. Таа не е нападната од страна на грчката заедница за нејзините политички приоритети и ставови како градоначалник, туку поради фактот што се идентификува како етнничка Македонка. Оваа погубна реторика ја рефлектира политиката на Грција кон Македонија и Македонците, и таквата предодреденост не припаѓа во Австралија. 

 

Заканите и повиците Стерјова да се повлече од функцијата градоначалник бидејќи таа се идентификува како Македонка се апсурдни и расистички, но заканите по нејзиниот живот се позагрижувачки и застрашувачки. Само-идентификацијата како етнички припадник на одредена група е основно човеково право што важи за сите граѓани на слободни држави. Секој обид заканите по Стерјова да се преиначат во некој вид на ‘‘политички коментар‘‘ е само начин да се промени природата на нападите кон неа. Грчката кампања кон Стерјова не е политички коментар, туку личен, дискриминаторски и расистички напад на сметка на Емилија.

 

Специфично, нападите кон Емилија се делумно резултат на фактот што таа танцуваше со македонското знаме за време на церемонијата на Викторијанската школа за јазици, каде Емилија само сакаше да го симболизира и прослави нејзиниот етнички идентитет. На истата церемонија, Емилија зборуваше за значењето на културните и етничките различности, за важноста на зачувување на етничките јазици, и за вклученоста на младите во политичкиот живот. Иако Емилија со нејзиниот говор и присуство го славеше македонскиот идентитет, таа не го направи тоа на сметка на Грција или грчката култура и цивилизација. За жал, истото не може да се каже за грчката политичка заедница во Австралија, која преку брутални вербални напади се обидува да го омаловажи и заплаши активизмот на Македонците во Австралија и светот.

 

Грчката заедница во Австралија ја обвини Стерјова за прекршување на илегалниот, неправеден и неодржлив Преспански договор со нејзината прослава на етничкиот идентитет. Изгледа Грците не можат да разберат дека прославувањето на својот личен етнички идентитет од страна на граѓанин на Австралија не претставува кршење на билатерален договор потпишан помеѓу две земји на другата страна на светот. Во случај да им треба потсетување, ОМД потврдува дека акциите на Емилија во Австралија на никој начин не претставуваат прекршок на одредбите од Преспанскиот договор, ниту на било која повелба од корпусот на меѓународното право. Од друга страна, Австралија има изградено легална инфраструктура која казнува закани по живот, говор на омраза, дискриминација и клевета, или со други зборови она што грчката заедница го направи на сметка на Емилија.

 

ОМД и македонската заедница цврсто стојат позади Емилија Стерјова. Се надеваме дека Грците во Австралија ќе престанат со нивната историско-дискриминаторна кампања, и ќе се приклучат проактивно кон поддржување на агендата на Стерјова за прогрес и поддршка на младите

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive