Финска ќе ја добие најмладата премиерка на светот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 декември 2019
najmlada1e.jpgФинска ќе ја добие најмладата премиерка на светот и влада составена од партии на чие чело се наоѓаат жени, три од нив исто така во рани 30-ти години.

Триесет и четиригодишната Сана Марин оваа недела ќе ја преземе премиерската функција, заменувајќи го Анти Рине, кој поднесе оставка по големите штрајкови во земјата. Марин, трета премиерка во историјата на Финска, моментално е министерка за транспорт.

Петте партии што ја сочинуваат владејачката коалиција во Финска се предводени од жени

Покрај Марин, која доаѓа од редовите на Социјалдемократската партија, и останатите четири коалициони партнери имаат лидерка: Ли Андерсон (32 години), Катри Кулмуни (32), Марија Охисало (34) и Ана-Маја Хенриксон, која со своите 55 години отскокнува со возраста.

И новата влада планира значително да го зголеми јавното трошење на добросостојба и инфраструктура и да продолжи по патот што земјата ќе ја направи јаглеродно неутрална до 2035 година.

Марин имаше брз подем во финската политика откако на 27 години стана претседателка на градскиот совет на Тампере. Сега ќе стане и најмлад премиер на светот, надминувајќи ги Олексиј Гончарук (Украина, 35 години) и Џесинда Ардерн (Нов Зеланд, 39).

Жените имаат важна улога во политиката во скандинавските држави со децении и тие се на чело на половина од партиите во Шведска. Данска, каде што четири партии се предводени од жени, и Норвешка исто така имаат премиерка. Вигдис Финбогадотир стана прва жена шеф на држава во светот кога во 1980 година беше избрана за претседател на Исланд.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive