Полета првиот електричен авион на светот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 декември 2019
prviota1q.jpgПрвиот целосно електричен комерцијален авион на светот го имаше првиот пробен лет, полетувајќи од вода во канадскиот град Ванкувер.

Шестмина патници имаше на 15-минутниот лет на авионот на компанијата „Магникс“, што првпат беше претставен на Авиошоуто во Париз порано оваа година.

„Ова покажува дека комерцијална авијација во електрична форма може да функционира. Нашата технологија обезбедува чист и ефикасен погон на авиони. Овој историски лет претставува почеток на третата ера во авијацијата: електрична ера“, изјави Роеи Ганзарски, извршниот шеф на „Магникс“, која го дизајнираше моторот.

Таа го изведе летот во соработка со авиопревозникот „Харбур ер“, кој планира до 2022 година целосно да ја електрифицира својата флота.

Цивилниот авионски превоз е еден од најголемите загадувачи на светот, како што постојано се зголемува бројот на патници. Сепак, електрични авиони кои можат да поминат подолги дистанци остануваат голем предизвик за секторот, при што најбавно се развива технологијата на батерии.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive