Охрид СОС има сомнеж за опструкција за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 10 декември 2019
blato1cd.jpgОхрид СОС во отвореното писмо до Министерството за животна средина и просторно планирање се сомнева дека има   опструкции за прогласување на Охридското езеро и Студенчишкото блато  за Рамсар подрачје.

Ние, Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, највлијателната неформална волонтерска активистичка група од регионот посветена на заштита и унапредување на исклучителната универзална вредност на единствениот УНЕСКО Регион во Македонија, ви се обраќаме со отворено писмо во врска со основан сомнеж за противзаконско постапување и злоупотреба на службена должност од страна на претставници во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Македонскиот рамсарски комитет (МРК).

 

Од Охрид СОС потсетуваа дека  тие уште во октомври 2017 година поднеле иницијатива за прогласување на овие две природни добра за Рамсар подрачје.

 

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ заедно со Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. уште во октомври 2017 г. поднесе формална иницијатива до МЖСПП за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато за Рамсар подрачје. Гореименуваните од поднесувањето на иницијативата до денес континуирано ги подриваат сите обиди на Охрид ЅОЅ за прогласување на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато за Рамсар подрачје иако постојат повеќе национални стратегии за биолошка разновидност со акциски планови (Национална стратегија за биолошка разновидност 2004, Национална стратегија за биолошка разновидност 2014, Национална стратегија за биолошка разновидност 2018-2022) изработени токму од МЖСПП, каде што е наведено дека номинирањето на ова подрачје за Рамсарско место е еден од приоритетите на владата на РМ, конкретно поради фактот што Студенчишко Блато е идентификувано како едно од најзагрозените низински блатни/водни живеалишта во земјата. Во Нацрт-планот за управување со Охридскиот Регион стои дека „прогласувањето (на) рамсарски места (во) Охридскиот регион треба да добие повисок приоритет“,велат во писмото од Охрид СОС.

 

Охрид СОС велат дека нивниот претставник бил исфрлен од состанокот на  МРК.

 

 

Рамсар номинацијата ќе додаде уште една заштитна бариера на Охридското Езеро и Студенчишко Блато. Секој степен на заштита, особено меѓународна, е од непроценливо значење за регионот поради огромниот ризик од негово целосно уништување доколку управувањето и мониторинготостанат исклучиво во рацете на македонските институции,порачаа,меѓу другото, во писмото од Охрид СОС.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive