Русија е суспендирана од Олимписките игри во Токио ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 09 декември 2019
suspenzija1q.jpgСветската антидопинг агенција (ВАДА) ја суспендираше Русија од сите големи меѓународни натпреварувања во наредните четири години.

Тоа значи дека руските знаме и химна нема да бидат дозволени на настани како Летни олимписки игри 2020 во Токио и Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година. Руски спортисти, сепак, ќе можат да учествуваат под неутрално знаме, но само доколку докажат дека се чисти од допинг.

ВАДА едногласно ја донесе одлуката на состанокот во Лозана и доаѓа откако Руската антидопинг агенција не ѝ ги доставила потребните лабораториски податоци поврзани со големиот допинг скандал, што беше услов за контроверзното укинување на нејзината суспензија во септември минатата година.

Русија има можност да поднесе жалба во наредните 21 ден.

Таа се наоѓа под суспензија од големите натпреварувања од 2015 година, но 168 руски спортисти настапија под неутрално знаме на последните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive