Свечена академија по повод патронот на Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 08 декември 2019
patronot1w.jpgСо свечена академија во чест на Свети Климент Охридски –заштитникот на Охрид, вечерва во НУЦК “Григор Прличев“ се одржа централниот настан од празникот на градот и Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија. Пред бројните гости од дипломатскиот кор, пратеницi и граѓани, се обрати градоначалникот Константин Георгиески. – Вечерва Охрид и Македонија слават. Чествуваме и се поклонуваме пред просветлението, хуманоста, знаењето и моралноста. Го славиме учителот и светителот, заштитникот на нашиот град и Македонската православна црква, милениумскиот духовен водител, иниспиратор и бдејач над Македонскиот народ – нашата најчиста поврзаност со Бога, великиот – Свети Климент Охридски. Нека ни е честит и вековит празникот.

Почитувани  пријатели, ви благодарам за вашето присуство, заедничи да го одбележиме нашиот најголем празник. Им благодарам и на сите кои не можејќи вечерва да бидат со нас, ни испратија срдечни честитки.

Почитувани присутни,

Во многуилјадното битисување на Охрид, низ неговите цивилизациски пластови свој белег оставиле неимари и војсководци, цареви и освојувачи, владетели и духовни водачи, кои со своите дела ја  моделирале  вечноста на овој град. Грандиозното и божествено дело на Свети Климент Охридски  по својата просветителска, хуманистичка  и посебно духовна вредност, ги надминува сите негови претходници и сите негови наследници и е најцврстиот темел за нашата посебност во севкупната човечка цивилизација. Свети Климент е хуманист и просветител, световен човек и светец, зошто … “по целата таа  земја растеа диви дрвја, а имаа нужда од облагородени плодови, тој неа ја удости и со такво богатство, пресадувајќи секаков вид питоми и плодородни дрвја и облагородувајќи ги дивите со калемење. Пресветиот Климент го направи тоа, за и на тој начин да ги поучи човечките, словенски души да го примат во себе сокот на благотворението“… ќе запишат неговите ученици во пофалното слово за својот учител, метафорично укажувајќи дека световното и светото преку Свети Климент Охридски се возможни како човечка и божја хармонија во едно.

Токму таквиот пристап на Светителот кон својот народ и кон Бога ќе ни ја остави во наследство  највозвишената морална и  љубовна порака…..“ да бидеме трезвени и со чиста совест да пристапиме кон телото Божјо и крвта, без да имаме непријателство со никого; не, да се сакаме со лицемерна љубов, туку еден со друг да се почитуваме од срце, за да бидеме синови на Севишниот и учесници во Царството небесно….“.

Драги пријатели,

Деновие Охрид живее  во духот на својот учител, во духот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Го славиме  најголемиот етичар и хуманист, првиот словенски архиепископ, втемелувач на Охридската архиепископија – олицетворена во сегашната Македонска православна цркваОхридска архиепископија. Го славиме светителот и просветителот кој со своето дело Охрид го претворил во центар на ширењето на сесловенската писменост и култура, што претставува драгоцен придонес во светското културно наследство. Овој вонвременски великан, човекољубец и просветител ни го подари писмото како основен белег на нашиот идентитет, а на Европа и ја подари суштината и вредноста на и сега почитуваната Светиклиментова школа на хуманизмот.

 

“Само од добар корен, никнува здрава фиданка“ – ќе запишат учениците на светителот, основачот на првиот словенски универзитет и како сончеви зраци ќе се распостелат низ Европа за да го шират словото Божјо и човечката наука. Просветлени со знаењето на својот учител Свети Климент Охридски, овие здрави фиданки со мечот на вистината, ќе ја одделат светлината од темнината, укоста од неукоста, доблеста од слабоста, а со тоа на Европа ќе и подарат фундамент на кој и денес почиваат нејзините цивилизациски вредности.

 

 Драги сограѓани, уважени гости,

Македонија и македонците низ столетијата поминале многу премрежја и ветрометини, на кои секогаш одговареле со кроткост, милосрдие и човекољубие. Но, не затоа што е тоа некаква маленкост, помала вредност или потчинетост. Не драги мои. Тоа е затоа што ние сме кротки но одлучни, нежни но цврсти, трпеливи но непоколебливи. Тоа е нашиот генетски запис и културен код всаден од нашиот Свети Климент Охридски, како најдобар патоказ да истраеме низ сите премрежја, падови и  воздигнувања . Верувам дека како генерација успеваме да истраеме на Светиклиментовата порака и ќе знаеме истата да ја пренесеме на следните генерации. Нека ни е честит и вековит Светиклиментовиот ден – истакна во своето обраќање градоначалникот Георгиески.

patronot2w.jpg

 

Највисокото општинско признание наградата “Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, годинава постхумно му беше доделена на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски, а во името на семејстовото, наградата ја прими неговата сопруга Надица Стојаноска.

 

 

 

 

 

Добитници на повелбата “Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, годинава се Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ “Кочо Рацин“ и Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид.

patronot3w.jpg

Академијата продолжи со културно – уметничка програма, подготвена од учениците од средното училиште што го носи името на патронот, а  насловена како “Љубовта на повеќе јазици“, како што и самиот Свети Климент со целото негово знаење и умеење се залагал за просветлување преку добродетели, богонаравија и евангелиска заповед на љубовта.

Свеченостите продолжуваат и утре со поклонение пред моштите на Свети Климент на Плаошник и полагање на свежо цвеќе пред спомениците na светецот во ОУ “Св.Климент Охридски“ и на градскиот плоштад.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive