Хрватска депортирала двајца нигерски пингпонгари мис PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 05 декември 2019
pingpo1q.jpgОрганизаторите на меѓународно студентско спортско натпреварување повикаа двајца нигерски пингпонгари да бидат вратени во нивната земја откако хрватската полиција по грешка ги депортирала во мигрантски камп во БиХ.

Осумнаесетгодишните Абија Учена Александро и Ебо Кенет Чинеду пристигнале во Загреб на 12 ноември за да учествуваат на петтото Светско меѓууниверзитетско првенство во Пула и во главниот град се вратиле пет дена подоцна, по што требало да летаат за Лагос. Ноќта пред заминувањето, додека шетале низ Загреб, тие биле запрени од двајца полицајци кои им побарале документи.

„Се обидовме да им објасниме дека документите ни се во хостелот, но тие нѐ приведоа во станица. Тие воопшто не слушаа што им зборуваме“, изјавија тие за босанскиот сајт „Журнал“.

Мислејќи дека се мигранти, полицијата ги ставила во комбе и ги одвезла до границата со БиХ, од каде што со група мигранти биле спроведени до камп во Велика Кладуша. Дури на крајот на месецот волонтери од кампот ги контактирале организаторите на првенството.

„Побарав да ми ги пратат нивните имиња и фотографии и по внимателна верификација потврдивме дека тие навистина настапиле кај нас и дека имаа регуларни визи. Апсурдно е што тоа никој не го проверил“, изјави организаторот Алберто Тангети.

Нигеријците сега се во надлежност на Службата за странци на БиХ, која преговара за нивно враќање во Хрватска.

Последни измени ( четврток, 05 декември 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive