Отворен регионален центар за рани интервенции и... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 05 декември 2019
regionalen1we.jpgВо просториите на Општа болница – Охрид, од денес функционира  регионалниот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар. Центарот е опремен со најсовремена соодветна опрема која ги опфаќа сите потреби на децата, од психолошки развој до социјализација.

Во име на општина Охрид, претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, изрази благодарност до сите донатори и помагатели и до Здружението „Во мојот свет“ за реализацијата на овој значаен Центар.

Просториите во кои функционира Центарот ги обезбеди Министерството за здравство на Република Северна Македонија, а трошоците за реконструкција на дел од просториите во Детското одделение при Општа болница, ги покри Владата на Република Бугарија.

– Центарот ќе работи во координација со соодветниот во Скопје, со Граѓанската организација „Мојот свет“, со Клиниката за психијатрија и Центарот за ментално здравје. Благодарност до бугарската Влада и бугарскиот народ за оваа помош, што многу ќе значи за регионот оттаму што корисници на новите капацитети ќе бидат околу стотина пациенти од овој дел на земјата, истакна министерот за здравство Венко Филипче на свеченоста по повод отворањето на одделот.

Бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев, потенцира дека не постои похумано и поблагородно од помагањето на децата со потешкотии.

  • Тоа е кауза што треба да ја следиме во животот. Горд сум што бугарската Влада која ја претставувам успеа да ги обезбеди средствата за изградбата на овој центар. Потребни се заеднички напори на сите братски држави од регионот во рамки на своите можности да придонесат за обезбедување услови за рехабилитација и третман на децата неопходни за нивен натамошен развој, рече Ананиев.

 

На отворањето на Центарот беше присутна и сопругата на претседателот  Стево Пендароски, Елизабета Ѓорѓиевскa, која истакна дека за поздравување е соработката помеѓу двете министерства чија цел е реализација на проекти од значење на граѓаните.

Потпретседателот на Здружението „Во мојот свет“, Весна Стојаноска им се заблагодари на сите помагатели на нивните активности, како и за конкретната реализација на овој проект.

Центарот за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар е опремен со соодветно прилагодени тоалети за вработените и корисниците, кујна, дефектолошки и логопедски кабинети, опремени со разновидни дидактички материјали кои се соодветни за потребите на децата, сензомоторна и мултисензорна соба. Со децата ќе работат обучени специјализирани едукатори и рехабилитатори, логопеди, семејни и клинички психолози. Капацитетите на Центарот се доволни  и ги задоволуваат потребите на пациентите од сите градови во југозападниот регион на државата.

 

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive