Трамп се скара со Трудо на НАТО самитот во Лондон PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 04 декември 2019
skaran1w.jpgДоналд Трамп го размрда единството на НАТО на Лидерскиот самит во Лондон откако канадскиот премиер Џастин Трудо го нарече „дволичен“, а францускиот претседател Емануел Макрон „гаден“, при што одржа ексклузивен собир само на оние членки на алијансата кои најмногу издвојуваат за одбрана.

Американскиот претседател реагираше откако се појави снимка на која Трудо, Макрон и британскиот премиер Џонсон ја коментираат неговата прес-конференција. Тој притоа ја откажа прес-конференција што требаше да ја одржи по завршувањето на Самитот.

„Си одиме директно назад. Мислам дека имаше доволно прес-конференции“, кажа Трамп.

Во краткото видео што го објави канадската телевизија Си-Би-Си, Трудо разговара со неколкумина учесници на Самитот и притоа, несвесни дека ги снимаат, наводно го исмеваат Трамп.

Запрашан од новинарите што мисли за снимката, Трамп одговори:

„Трудо е дволичен, а мислев дека е фино момче“, кажа тој.

Трудо подоцна појасни дека не го исмевале Трамп, туку се смееле што идниот самит на Г7 ќе се одржи во неговата приватна резиденција во Кемп Дејвид.

Трамп ја откажа својата завршна прес-конференција која требаше да се одржи во исто време кога е закажано сослушување во Конгресот за неговото отповикување, иако тој предвиде дека „тоа никој нема да го гледа бидејќи е здодевно“.

Последни измени ( четврток, 05 декември 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive