Охрид Светиклиментовата награда му ја додели на... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 04 декември 2019

svetiklimentoh1q.jpgНа предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се додели на прерано починатиот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски,соопштија  од локалната самоуправа.

Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески.Во образложението, покрај другото стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски“ , на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски му се оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Охрид од пристигнатите осум апликации и еден предлог на комисијата, додели две повелби „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ .

Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин“ доби Повелба за остварувања во образованието, како наставник, едукатор, креатор на иновативни идеи и реализатор на повеќе проекти со меѓународна верификација.

Планинарската спасителна служба Повелбата ја доби за успешното етапно реализирање на трансграничниот проект за спасување на планина, со што видно придонесува во збогатувањето на туристичката понуда и безбедно одвивање на разните активности, пред се на планината Галичица.

Наградата и повелбата „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ ќе бидат врачени на Свечената академија, што во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Охрид ќе се одржи на 7 Декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

 

Последни измени ( среда, 04 декември 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive