Германија одбележува 250 години од раѓањето на Бетовен PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 02 декември 2019
betoven1ee.jpgОколу 1.000 концерти, оперски изведби, фестивали и изложби догодина ќе има низ цела Германија во чест на 250-годишнината од раѓањето на композиторот Лудвиг ван Бетовен (1770-1827). Централните настани ќе се одржуваат во Бон, градот каде што е роден Бетовен и живеел до неговата 22-годишна возраст, кога се преселил во Виена.

Меѓу позначајните настани е концертот на Лондонскиот симфониски оркестар, а, пак, Берлинската филхармонија на 25 април ќе одржи 24-часовен маратон со музика од Бетовен. Одбележувањето ќе заврши на 17 декември 2020 во Бон со изведба на Деветтата симфонија под диригентство на Даниел Баренбоим.

Германската влада го финансира чествувањето со 27 милиони евра, а Бон учествува со пет милиони.

Прославата ќе се одржува под слоганот „BTHVN2020“, што претставува кратенка од пет клучни особини на една од најзначајните германски личности: Бетовен како граѓанин, композитор, хуманитарец, визионер и вљубеник во природата.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive