Академик Љ. Коцарев ќе биде нов претседател на МАНУ PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 26 ноември 2019
kocarev1q.jpgАкадемик Љупчо Коцарев, научник и професор од областа на физиката, техничките науки и компјутерските науки, од 1 јануари 2020 ќе биде претседател на Македонската академија на науките и уметностите МАНУ. Коцарев доаѓа на местото на академик Таки Фити, чиј мандат од четири години завршува годинава.

Највисоката државна научно-уметничка институција соошти дека новото раководство е избрано на вчерашното Изборно собрание, а освен нов претседател, за потпретседатели се избрани академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам. Научен секретар на Академијата ќе биде Изет Зекири.

За членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.

Шеесет и четиригодишниот Коцарев, е роден во Скопје, каде завршил основно, средно и високо образование – Електротехнички факултет. Магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во периодите од 1985 до 1999 и од 2007 до 2011 бил вработен на Електротехничкиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од формирањето во 2011. Од 1999 до 2016 бил вработен на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, САД. Бил на студиски престои во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија и Јапонија. Во 2006 е избран член на Друштвото на електроинженерите во САД. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 27 мај 2003, а за редовен член на 1 мај 2007.

Научниот интерес на академик Коцарев опфаќа повеќе подрачја од физиката, техничките науки, и компјутерските науки: нелинеарна физика, комплексни системи и мрежи, електрични кола и системи, теорија на информации и криптографија, машинско учење, обработка на податоци и наука за податоци. Во период од 1986 до денес академик Коцарев публикувал повеќе од 140 публикации во списанија со фактор на влијание и повеќе од 150 публикации во зборници на рецензирани трудови од (меѓународни и домашни) конференции. Годинава ја доби наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive