Седум мртви и 300 повредени во земјотресот во Албанија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 26 ноември 2019
alba1q.jpgНајмалку 7 жртви има во силниот земјотрес што утрово во 3.54 часот ја погоди Албанија, во кој паднаа згради, а 300 луѓе се повредени. Американскиот геолошки истражувачки центар кажа дека земјотресот со магнитуда од 6,4 степени бил со епицентар на 30 км северозападно од Тирана, на длабочина од 20 км.

Едно лице загина во Драч, на 33 км од Тирана, кога паднала зградата, а спасувачките служби се борат да спасат и други од зградата. (Фото: АП)

Овој земјотрес кој траеше околу 20-на секунди силно се почувствува и во Македонија, како и послабиот потрес околу 7 часот утринава. Земјотресот беше почувствуван и во Бугарија, Босна, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Италија.

Министерството за одбрана на Албанија кажа дека маж и жена загинале кога паднала зграда во Тумане, 36 км северно од Тирана. Едно лице загинало откако скокнало од неговиот дом за да избега од тресењето во Курбин, 50 км северно од главниот град. Уште едно лице загина во Драч, на 33 км од Тирана, кога паднала зградата, а спасувачките служби се борат да спасат и други од зградата.

Земјотресот се почувствувал вдолж албанското крајбрежје, а поради бројните афтершокови властите го повикаа населението да остане надвор. Многумина велат дека има пукнатини на ѕидовите од нивните куќи, а луѓето се собираат на отворено.

Ова е втор голем земјотрес по оној со магнитуда од 5,6 на 21 септември, кој оштети околу 500 куќи и за кој Министерството за одбрана на Албанија рече дека е најсилен во последниве 30 години.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive