Направи ХИВ тест-мобилна апликација за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 ноември 2019
rizik1q.jpgИнформации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ граѓаните може да дознаат и на мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, велат од здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

„Преку неа може да се информираат за сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play“, велат од ХЕРА.

Здружението најавува дека од денес до следниот петок во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 17 до 21 часот и за време на викендот од 11 до 15 часот.
Европската недела на тестирање за ХИВ кон која, веќе шеста година по ред се приклучува ХЕРА, ќе се одржува под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“. и поддршка.

Европската недела започнува денес, со настанот „Минус или плус – се живее со секој статус“ кој се организра во соработка со здружението Заедно посилни, од 19 часот во кафе-бар Котур. Настанот е од отворен карактер, а ќе се состои од проекција на неколку кратки видеа со лични приказни за животот со ХИВ и разговори околу нормализирање на разбирањето за ХИВ денес.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive