Сто бебиња на еден од најзагрозените рептили најдени... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 ноември 2019
najzagrozeni1q.jpgБебиња крокодили пронајдени во далечен регион во Непал даваат надеж за спас на еден од најретките и најнеобични рептили на светот.

Со својата изразено долга и тенка муцка, гавијалот е уникатен, но и критично загрозен вид крокодил, со помалку од илјада возрасни единки во дивина. Затоа откритието на 100 бебиња значи поттик за потенцијално заздравување на видот, велат научници.

Гавијалот најчесто се среќава во Индија, Бангладеш и Непал, каде што се бори за опстанок.

„Имајќи предвид колку е редок, ова е големо позитивно откритие и клучен чекор во долгорочната обнова на видот во Непал. Откако со часови одевме низ џунглата, беше неверојатно да се видат овие бебиња како се играат во песокот. Со големина од околу 30 сантиметри, тие точно изгледаат како минијатурни верзии на возрасни гавијали, преслатки се“, изјави истражувачот Рики Гамбс од Зоолошкото друштво на Лондон.

Стоте бебиња се пронајдени заедно со три женки и со еден возрасен машки примерок. Гавијалот претходно не бил виден во оваа област 30 години.

Овие крокодили, кои можат да тежат и до 250 килограми, не се сметаат за опасни по човекот и нивниот лов денес е забранет.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive