Почина актерката Таска Балабанова чиј глас... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 21 ноември 2019
taska1q.jpgAктерката Таска Балабанова, чиј глас беше беше бренд на Македонското радио и на цртаните филмови со кој израснаа многу генерации, почина во Скопје по долго и тешко боледување. Имаше 85 години.

„Гласот на Таска Балабанова беше бренд на Радио Скопје. Глас што со децении галеше, растажуваше, засмеваше. Многу генерации израснаа со тој глас. Тоа беше нашиот Фејсбук. Неразделна другарка на мајка ми Цветанка Трпкова, пред микрофон и надвор од студио. Како дете се восхитував на хармонијата од нејзиниот глас и изглед. Така некако си ја замислував совршената жена. Нека и’ е лесна земја“, напиша актерката и професорка Синоличка Трпкова на Фејсбук во омажот за Балабанова.

Родена во Велес, Балабанова актерската кариера ја почна во некогашниот Младинско-куклен театар од кој во 1965 е формиран Драмскиот театар. Од театарот прејде во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радиоактерка и го позајмуваше гласот во бројни радиодрами, во „Веселата емисија“, „Лирското интермецо“, култната серија „Хихирику“. Нејзиниот глас останува запаметен и како ликот Олива во цртаниот филм „Попај морнарот“, како и насинхронизациите во цртаната серија „Штрумфови“.

Играше и во филмовите и тв сериите „Средба“, „Едно лето“, „Илинден“. „Време на летала“, „Трето доба“, „Мугра“, „ Македонски народни приказни“ и „Време – живот“, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години. Издаде и интерпретации на приказни за деца.

Балабанова ќе биде погребана в петок во 10,30 часот на градските гробишта во Бутел во Скопје.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive