ГДУ:Лескоец и по десет години нема модерен стадион PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 20 ноември 2019
gragansko1ww.jpg-Во Лескоец беше ветен стадион и тоа не било каков, туку од едни модерен, а пак од други ултра модерен. Но за жал и после 10 години, сликата во Лескоец е иста,беше речено на денешната прес конференција на Граѓанско демократска унија -Имено пред 3 години се појави еден млад директор од редовите на СДСМ, кој без да се штеди ги нападна претходниците и воедно најави конечна изградба на одамна ветениот стадион и подобрување на
условите во спортот. Тој директор е Дарко Каевски, од Агенција за млади и спорт, кој меѓу другото од Лескоец најави и неколку други проекти, кои владата на СДСМ, Агенцијата за млади и спорт и локалната власт ЌЕ ги
направеле во најскоро време. Затворена спортска сала за училиштето во Лескоец, 3-4 други сали по градот, реконструкција на постоечката сала „Билјанини извори“, втора трибина на градскиот стадионот „Билјанини
извори“, затворен базен итн. се само едни од многубројните предизборни ветувања.

„Ултра модерното игралиште“ во Лескоец, кое за жал с
ѐ уште го нема, е најавувано 10 години наназад и тоа од двете сестрински партии. ДПМНЕ го најави како МОДЕРЕН стадион, а пак СДСМ за да биде поразличен го најави како УЛТРА модерен стадион. И замислете од стадионот, модерен или ултрамодерен останаа само стативите кои се скршени на неколку дела. Тоа е лицемерието на овие партии, кои ако не се лажеме за неколку месеци повторно ќе дојдат  и ќе бараат гласови, но се плашиме дека не постојат повеќе суперлативи кои ќе можат да ги искористат.

Изградба на затворен базен, исто така се најавува 10 години. ДПМНЕ го најави во својот мандат, но ништо од најавата, а пак СДСМ на истово место велелепно го најави за 2018 година, но изгледа кај нив некој им
подметнал старо календарче. И ако не се лажеме го најавија за 2019, па за повторно да го најават за 2020 година.

И за крај Отпадот Буково, Стационарот. Тоа се уште неколку проекти и решенија кои им ги нудеа на граѓаните, но од тоа с
ѐ уште нема ништо.

Од името на ГДУ и на нашите сограѓани, ве замолуваме да се вразумите и конечно да ги фрлите маските и да се фатите за работа. На народот му требаат решенија и завршени проекти, а не лаги и понуди, два дена пред
избори,кажаа на прес конференција од ГДУ.



 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive