ОУ "Ванчо Николески" дел од програмата ЕРАЗМУС |
|
|
|
вторник, 19 ноември 2019 |
Основното училиште “Ванчо Николески“ од с.Лескоец, е вклучено во две годишната програма на ЕРАЗМУС – “Стратешки партнерства за училишна размена“, со училишта од Полска, Турција, Грција, Италија и Португалија.
Денес претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска,
ги прими претставниците од Измир – Турција, Сасари – Италија, Ксанти –
Грција и Гдањск – Полска, кои се во посета на ОУ “Ванчо Николески“
–
Образованието е предуслов за упешно општество, а размената на искуства и
методи на работа, се од непроценлива важност. Различните култури и
традиции се богатство кои ги обединува луѓето – истакна на средбата Ангелоска.
Учениците и наставниците ќе работата на спроведување на заедничкиот проект “Бришење бариери преку споделувања богатства“. Главната
цел на проектот е да се ангажираат учениците да соработуваат со своите
врсници од различни земји и култури и зачувување на единствениот
европски културен простор.
|