Бројни активности во Неделата за грижа на стари лица PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 18 ноември 2019

stari1ee.jpgПод мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид од 18-24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Целта е подигање на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општесгвениот живот, како и потребата за обезбедување на грижа и помош за старите лица.

Предвидени се следните активности

-          Предавања за дијабет со причини, последици и превенција (21.10.2019), и предавање за бенефитот од користењето на  слушните апарати (04.11.2019);

 

-          Посета на болни и изнемоштени стари лица во рурални населби во општините Охрид и Дебарца од страна на тим на стари од Програмата  за Грижа за стари лица на Црвен крст Охрид и млади волонтери и професионалци на Црвен крст и стручни медицински лица, со  цел, комуникација, разговори, процена на општа и здравствена состојба и потреби, основни здравствени прегледи и превентивни препораки; притоа, делење на хуманитарни пакети за стари лица во социјална загрозеност и ризик; (19.11.2019)

 

-          Посета и делење на здрави зеленчукови производи на старите лица во Одделот за геријатрија при Општа болница Охрид. Производите се создадени во Градината на заедницата во Охрид, од страна на членови на Програмата за грижа за стари лица „Најди време„ при Црвен крст Охрид, здружение, жени „Бисера„ Охрид, здружение „Брег на младоста„ Охрид, средното училиште „Кирил и методи„ Охрид, и, други субјекти, подржано од Американскиот мировен корпуст и  УСАИД. 20.11.2019

 

-          Избор на најдобрите литературни и ликовни творби од Конкурс за поезија, проза и ликовна уметност (22.11.2019)

 

-          Во текот на оваа недела во Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ќе се организира и меѓугенерациска средба во која пензионерите и младите волонтери од Клуб на млади ќе се дружат преку заеднички игри (шах, табла, пикадо, цртање..). Целта на оваа дружење е да се поврзат младите и старите и да се развие меѓусебно разбирање и почит.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive