Охрид има стационар за кучиња скитници,ама... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 ноември 2019
staci1w.jpgКај месноста Маутскер во Охрид, „Охридски комуналец” обезбеди објект за сместување на кучињата скитници, но нема дозвола да го користи поради непостоење на урбанистички план за овој дел на градот. Наместо комуналците, за љангачите, како што во Охрид ги викаат овие кучиња, се грижат волонтери.

Деновиве се случи труење на неколку улични кучиња во самиот центар на градот, а активистите и јавноста енергично побараа отворање на стационар. Не е голем бројот на охриѓани кои знаат дека ваков објект постои, но без дозвола од Агенцијата за храна и ветерина тој не може да биде ставен во функција.

„За овој дел на Охрид, на самиот влез во градот, не постои урбанистички план и поради тоа, постојниот објект не може да се вметне во него. Познато е дека градот нема ниту нов генерален урбанистички план. Агенцијата за храна и ветерина бара доказ дека стационарот се наоѓа во рамките на легален план за да издаде дозвола за користење”, велат од локалната власт.

„Охридски комуналец” приспособи еден објект за стационар во овој дел уште пред повеќе од половина година.

„Имаме и посебно возило за собирање на агресивните бездомни кучиња. Ние обезбедуваме и храна за кучињата, за кои сега се грижат волонтери. Меѓутоа, немаме право ние да се грижиме за нив бидејќи ја немаме потребната дозвола од Агенцијата за храна и ветерина поради урбанистички проблеми“, вели Стефчо Маслов, раководител на Јавна хигиена при „Охридски комуналец”.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive