Свиња ги смирува патниците пред лет со авион |
|
|
|
вторник, 12 ноември 2019 |
Петгодишната свиња ЛиЛу и нејзината сопственичка Татјана Данилова се
вклучени во програмата Wag Brigade на аеродромот во Сан Франциско, преку
која животните издресирани за терапија им помагаат на вознемирените
патници.
Со
пилотска шапка и налакирани нокти, ЛиЛу подига шепа во знак на поздрав,
позира за селфи и ги забавува патниците кои чекаат на заминување со
нејзината играчка пијано.
„Луѓето се навистина среќни што за момент им се одвлекуваат мислите
од претстојното патување, без разлика дали е службено или приватно. Сите
сметаат дека е одлична идеја“, вели Данилова.
ЛиЛу позира за самослик и ги забавува патниците кои чекаат на заминување од Сан Франциско (Фото: Фејсбук)
Менаџерката за услуги на патниците Џенифер Казаријан вели дека ЛиЛу е
прва свиња од аеродромската програма за терапија, во која се вклучени
кучиња од сите раси и големини и дека придонела за зголемување на
чувството на заедништво на аеродромот.
„Кога ја почнавме програмата, наша главна цел беше да ги ослободиме
патниците од стресот. И успеваме да го постигнеме тоа, но и се зближивме
со нашите патници и тоа е прекрасно“, вели Казаријан.
|