Еколошки исчекор на Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 12 ноември 2019
filter2w.jpgОдделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид која како пилот општина согласно проектните активности на ЕУ INTERREG Balkanmed Проектот AIRTHINGS „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“ заврши со поставувањето на   11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 филтри на оџаците на  домаќинства во населбата Кошишта  кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.

Од страна на Државниот Инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање беше обезбедена логистичка поддршка за реализација на техничкиот дел од проектот, а Општина Охрид беше  вклучена во изборот на домаќинства кај кои се  инсталирани филтрите.

filter3w.jpg

Проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух- AIRTHINGS“ ќе ги искористи новите технологии преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, обезбедувајќи нови, податоци во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови (Во Македонија Охрид-пилот град), следење на квалитетот на воздухот, “облак” базиран на “Отворени податоци” систем со предвидлива анализа и напредна можност за учење кое овозможува навремени активности на јавните органи. Во комбинација со насоки и методологии за мониторинг на квалитетот на воздухот во градот, воспоставувањето на заедничка анализа на генерални политики за намалување на регионалните загадувачки супстанции и моделите за оценување на квалитетот на воздухот, проектот ефикасно ќе го адресира загадувањето на воздухот и ќе им овозможи носење на правовремени одлуки на јавните власти, граѓаните и бизнис заедницата.

На 1.10.2019год. во Охрид беше одржан Европски ден на соработка кога официјално беше  промовиран овој проект
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive