Пензиите од јануари се зголемуваат за 700 денари,најави |
|
|
|
вторник, 12 ноември 2019 |
Пензиите од наредната година ќе бидат зголемени за 700 денари. Ова
денеска го најави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за
презентација на буџетот за 2020 година.
„Владата се одлучи за ваквото покачување на пензиите имајќи ги
предвид економските параметри односно зголемувањето на просечната и
минималната плата. Зголемувањето на пензиите ќе биде од 700 до 730
денари“, рече премиерот Заев и најави дека министерката за труд и
социјална политика Мила Царовска на посебна прес-конференција ќе ги каже
деталите за покачувањето на пензиите.
Заев на прес конференцијата рече дека буџетот за 2020 година е
’скроен по мерка на граѓаните и е влог во луѓето во човечкиот капитал‘.
Кажа дека со буџетот се обезбедени пари за зголемување на платите во
здравството и образованието, 7,3 милијарди денари се одвоени за
субвенции во земјоделството, а буџетот на министерството за одбрана во
2020 година ќе биде 10 милијарди денари.
|