Прокопувањето на Студенчишкото блато е само за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 11 ноември 2019

blato1cd.jpgИдејата на „Тетрактис“ – да се прокопа Блатото за марина – е многу далеку од доменот на општествено одговорното управување, но затоа, многу длабоко во доменот на приватните лични интереси на само неколкумина сопственици на пловни објекти во Охрид,велат од Охрид СОС кои учествувале на презентацијата на проект за „општествено одговорно управување“ со Студенчишко Блато, организирана од архитектонското студио „Тетрактис“.

 

За една година ова е втор предлог на „Тетрактис“кој ретерира од првичната идеја и локација и сега претставува план далеку поголем и помегаломански од само една „мала марина за едрилици.Разгледувајќи ја веб-страницата на „Тетрактис“ ДООЕЛ неможевме да најдеме проекти кои го покажуваат искуството на фирмата во вакви деликатни екосистеми. Напротив, има неколку проекти кои се токму од тие кои се штетни за животната средина.Впрочем, и самото лого на фирмата го покажува токму тоа – повеќе урбанизација, помалку природа.Парадоксално, студиото, кое себеси се опишува како „прогресивна и современа заедница на архитекти“,упорно презентира предлог за уназадување на екосистемот на Студенчишко Блато.Нема ништо прогресивно во штетна урбанизација на милиони години стар екосистем, чиешто уништување значи уништување и на Езерото.Во суштина идејата на „Тетрактис“ е инвазивен упад во драгоцен и последен од својот вид функционален екосистем,соопштија од Охрид СОС.

 Од оваа невкадина организација реагираат и на предложените  паркинзи за возила и места за пловни објекти.

 Наводниот „одржлив“ економски модел опфаќа 1.000 паркинг места за возила (тоа се 4.000 посетители!) и стотици паркинг места за пловни објекти на секаков тип на гориво. Тоа значи драстично зголемено количество на отпад, драстично зголемено количество на токсични материи, потенцијални хаварии, што предизвикуваат загадување на водата, зголемена бучава, трансформација и фрагментација на живеалиштата, но и вештачки бранови што ќе го нарушат животот во езерскиот литорал, а водат до ерозија на брегот, зголемување на седиментите како и намалена бистрина на водата со што директно се влијае врз опстанокот на рибите. Неколку од овие појави ја потпомагаат еутрофикацијата, односно деградацијата, на езерските води. Сиот овој непотребен и дополнителен антропоген притисок ќе се предизвика во и онака деградираната средина на Блатото. Дилетантизмот и комплетната неупатеност на „Тетрактис“ отиде дотаму што го споредија Охридско со езерото Ферто на границата меѓу Австрија и Унгарија кое е впишано на листата на УНЕСКО како културно наследство, не природно! Да се споредува древен екосистем што го носи епитетот Балкански Галапагос со културен пејзаж е несреќен обид за исклучително провидна манипулација со јавноста.велат меѓу другото од Охрид СОС

 

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive