Во Охрид се сретнаа Заев,Вучиќ,Рама ( видео) PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 09 ноември 2019
sredba1z.jpgПретседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија Еди Рама, во пресрет на состанокот на лидерите од Западен Балкан што ќе се одржи утре, во недела на 10 ноември, одржаа трилатерална средба на која разговараа и ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка.

Оваа декларација со листа на приоритети и мерки доаѓа по претходната нивна заедничка средба во Нови Сад.

 

Во основата на декларацијата е соработката, заедничкиот ангажман и елиминирање на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварувањето на заедничка крајна цел - полноправно членство во ЕУ.

Од определбата за поинтензивна соработка врз основа на заеднички усвоена декларација се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти.

Декларацијата ги најавува можностите на отворен пазар и пристап за бизнис иницијативи во целиот регион без разлика на местото на основање на компаниите, создавање нови работни места и поттикнување на потенцијалите за севкупен развој. Оваа иницијатива отвора големи можности за младите од поврзувањето по угледот на европскиот модел за имплементирање на стандардите на ЕУ со цел економски напредок на земјите од Западен Балкан и целокупната демократска трансформација.

Вечерва на премиерите Заев и Рама и Претседателот Вучиќ ќе им се придружат и Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија за Црна Гора Драгица Секулиќ, на вечера што ја приредува Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, а утре ќе започне работниот дел од состанокот на лидерите на Западен Балкан.

Во програмата на утрешниот состанок е предвидена и пленарна сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан со претставници на Европската Унија, на Советот за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка за обнова и развој, на Европската инвестициска банка, по што ќе се одржи и заедничка прес конференција.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Се издрогирал и завршил во болница
svrohrid2q.jpgСВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец (29), поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги”. Тој,  ноќта на 14.12.2019 година, набавил одредена количина опојна дрога кокаин, која подоцна, пред ноќен угостителски објект во Охрид, му ја понудил на друго лице и му овозможил нејзино користење. Пријавениот, поради предозираност со кокаин, на 15.12.2019 година , во неконтактибилна состојба бил донесен во Општата болница во Охрид.
 
И во ковид услови библиотеката ги претставува...

avtorib1.jpgВо вонредни услови и Ковид – 19 во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и посебните протоколи за работа е затворена читалната и поради реорганизацијата на работата се’ уште нема услови за одржување промоции и други настани.

Читај повеќе...
 
69 лица не носеле заштитни маски на подрачјето на...
stefd1.jpgСпоред статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 69 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-42, Струга-03, Кичево-15, Дебар-9). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.
Читај повеќе...
 
Асфалтирани улици во Косел
kosel1a.jpgДеновиве заврши асфалтирањето на 4 улици во село Косел. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици на уште неколку локации во општината.
Читај повеќе...
 
Физичка пресметка на "Туристичка"
tepacka1qq.jpgНа 08.07.2020 година околу 11.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу две лица  од Охрид. Напаѓачот, иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена  мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патнички автомобил по булеварот „Туристичка“ со кој му го блокирал патот на сега нападнатиот, физички го нападнал и му упатил сериозни закани по неговиот живот. По целосно документирање на случајот, против напаѓаќот ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 
168 новозаболени од ковид-19,во Охрид- 8
korona3q.jpgТри лица починаа по компликации од ковид-19 во изминитиве 24 часа, и тоа двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Читај повеќе...
 
Георгиески:Уставен не може да не спречи да ги...
konstantin5tt.jpgОпштина Охрид има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид. Георгиески за САКАМДАКАЖАМ.МК  вели дека не му е потреба уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби бидејќи тоа е надлежност на Општината,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам
Читај повеќе...
 
Сериозно ги свативме препораките на УНЕСКО,вели ...(ви
preporaki1.jpgГрадоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денес на прес-конференција ја информираше јавноста во врска со сите преземени мерки и активности во текот на изминатата година, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Градоначалникот уште еднаш потенцираше дека заложбите на локалната и централната власт за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се сериозни и дека во иднина ќе продолжат да се имплементираат сите параметри за заштита, кои ќе овозможат современ развој на долг рок.
Читај повеќе...
 
Охриѓани се' по дициплинирани во носењето маски
stefd1.jpgСпоред статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 30 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Струга-09, Кичево-18, Дебар-3). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 08 контроли врз угостителски и други објекти.
 
Две сообраќајки на патот Охрид-Кичево,има повредени
svrohrid2q.jpgНа 08.07.2020 во 01.15 часот, на магистралниот  пат Охрид-Кичево, кај селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Рено Мастер“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Х.З.(33) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки  телесни повреди се здобил возачот по што, бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид.



Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive