ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта да се разбуди... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 08 ноември 2019
presp1w.jpg-Масовното труење на бездомни кучиња на градскиот плоштад ја згрози јавноста,рече на почетокот од денешната прес конференција Перчо Божиноски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески наместо Охрид да биде пријателско место и за домашните миленичиња и за бездомните животни, стана место на монструозно дивеење и садистичко изживување над животните.Ова ли е хуманиот третман за животните?До кога Георгиески ќе го чува директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски и заедно ќе го игнорираат овој проблем?

Господине Георгиески уште што треба да се случи за да се разбудите и да преземете конкретни чекори?

Георгиески и Грданоски треба да одговараат за загрозување на безбедноста на сѐ што е живо не само на градскиот плоштад туку и во градот.

Георгиески да го разреши директорот Грданоски затоа што оставањето отров, којшто тешко се наоѓа со посебна процедура, на јавни површини е кривично дело и предизвикува опасност по живот.

Зошто и покрај тендерот за заловување, стерилизација и кастрирање на бездомни животни, обезбедени средства, вработени луѓе, набавени возила и комплетна опрема за заловување не функционира стационарот во „Мaуцкер”?

Со локалната власт на СДСМ ниту профункционира стациoнарот, ниту закони, ниту полиција која постапува и штити.

ВМРО-ДПМНЕ бара брза реакција и разрешница од СВР Охрид, Јавното обвинителство и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Господине Георгиески Ве потсетуваме уште еднаш на тоа што го порача виолинистката Ванеса Меј на отворањето на манифестацијата „Охридско лето“:

„Властите да не даваат бесплатен отров за труење на бездомните кучиња!“

СДСМ и Георгиески не се на правиот пат затоа што не преземаат конкретни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња,рече Божиноски.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive