Исти услови за клиентите по спојувањето на ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 08 ноември 2019
spar1q.jpgСметките на клиентите на Охридска банка, како и условите за кредити дефинирани во договорите остануваат исти откако австриската Штаермаркише Шпаркасе ја купи Охридска банка. Исто така и условите за користење на платежните картички остануваат непроменети, а клиентите немаат обврска во моментов да ги менуваат своите картички.

На денешната прес-конференција по повод купувањето на Охридска банка од страна на Штаермаркише Шпаркасе беше кажано дека целосната интеграција се очекува да се случи во април 2021, а дотогаш ќе функционираат двете банки.

„Ќе моделираме една нова, модерна и помоќна Шпаркасе банка. Државата ќе ја добие четвртата најголема банка со пазарно учество од 14 отсто. Оваа банка ќе донесе бројни бенифити за клиентите, ќе отвори нови перспективи во економијата и ќе овозможи подигање на нивото на целиот банкарски систем “, рече Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

Една од првите придобивки за клиентите на двете банки ќе биде можноста за користење на повеќе од 120 банкомати низ земјава, како и можноста за подигнување на средства од банкоматите со дебитни картички без провизија почнувајќи од први јануари наредната година.

Како што кажаа членовите на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе Георг Бухер и Герхард Фабиш една од причините поради која се одлучиле да инвестираат во Македонија е потпишувањето на Договорот со Грција.

„Со купувањето на една од водечките банки во Северна Македонија ќе станеме уште посилен партнер во економијата. Заедно ќе располагаме со значително поголем потенцијал и ресурси со кои ќе ги опслужуваме нашите клиенти и сите бизниси“, рече Фабиш.

Штаермеркише Шпаркасе купи 91,57 отсто од акциите на Охридска банка за 48 милиони евра.

Последни измени ( петок, 08 ноември 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive