Почина продуцетнот Ник Пауел,соработник на Манчевски PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 08 ноември 2019
nik_pauel1q.jpgНик Пауел, легендарниот британски продуцент кој во 1970-те заедно со Ричард Брансон ја основа британската компанија „Вирџин груп“, кој продуцирал над 60 филмови, меѓу кои и новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски „Врба“, почина вчера во Оксфорд на 69 години. Пауел беше 15 години на чело на Националната школа за телевизија и филм, која под негово раководство се издигна во една од најдобрите филмски школи во светот, за што лани доби и награда БАФТА.

„Врба“, чија светска премиера беше на 19 октомври во Рим, а македонската на 1 ноември, беше неговиот последен завршен филм. Режисерот Манчевски вели дека ја смета за привилегија можноста да работи со Пауел и дека е многу погоден од неговата смрт.

„Ник беше еден од најпосветени професионалци со кои сум работел, а истовремено и одличен другар и голем човек. Се бореше лавовски за ‘Врба’, постојано спремен да помогне, да мотивира. Многу ќе ни фали“, вели Манчевски.

Пауел имал само 22 години кога со Брансон ја основале„Вирџин груп“, подоцна „Вирџин рекордс“ е компанија за која снимале имиња како Пола Абдул, Џенет Џексон, Рој Орбисон, „Симпл мајндс“, Лени Кравиц, Мајк Олдфилд, „Смешинг пампкинс“ , „Спајс грлс“.

Во 1983 година, Пауел со Стив Вули ја основале „Палас продакшнс“, која ги продуцирала филмовите на реномираниот ирски режисер Нил Џордан „Компанија на волци“ (1984), „Мона Лиза“ (1986) и „Играчка плачка“(1992). Боб Хоскис за улогата во „Мона Лиза“ имаше номинација за Оскар, а доби Златен глобус и БАФТА за најдобра машка улога. За „Играчка плачка“, Џордан доби Оскар за најдобро оригинално сценарио, како и БАФТА за најдобар британски филм, а според Британскиот филмски институт рангиран е како 26 најдобар филм на сите времиња.

 

„Не жалам за тоа, не жалам за ништо во животот. Не жалам ниту за моите поранешни сопруги, затоа што поминавме прекрасни периоди. Јас сум многу горд дека бев дел од основачките етапи, сакав да учествувам во нешто што се создава. Имав среќа бидејќи имав способност да ги препознаам нештата за кои луѓето сметаат дека не се вредни на пазарот. Имав среќа што мојата проценка беше исправна. Имав навистина прекрасни моменти, правевме возбудливи нешта, сѐ ме возбудуваше и имавме голем успех“, рече продуцентот.

Пауел и Манчевски се запознале уште за време на снимањето на најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“ во 1994, и оттогаш, рече Пауeл, е голем обожавател на македонскиот режисер.

„Милчо ми го испрати синопсисот, и ми се допадна дека е за Македонија. Ми се допадна фактот дека Милчо се враќа во Македонија, да направи филм кој е за Македонија, за луѓето, за Скопје, за селата. Тоа е навистина оригинално сценарио, знаев дека тој го напишал и тоа ме заинтригира. Комбинацијата на тоа дека Милчо се враќа на неговите корени и ова исклучително сценарио беше пресуден момент кој ме заинтересира. Изминатава декада бев директор на Националната школа за телевизија и филм, и си помислив дека ова е кул филм за јас да се вклучам и да помогнам во продукцијата. Верувам дека Милчо може да донесе навистина кул филм. Сакам да сум вклучен, доколку сака и тој“, кажа Пауел пред две години.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive