Познати победниците на Баскет 3x3 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 07 ноември 2019
pobednicib1q.jpgТрадиционалниот турнир во Баскет 3x3 кој го организира ЈП Билјанини Извори со поддршка на Општина Охрид а по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид ги доби првопласираните три екипи како и најдобриот изведувач на тројки на турнирот.
Во вчерашната завршница први на сцена излегоја полуфиналистите и тоа "Ликвид" -"НОА" и "Дента Медика" -" Алпојо". Во првото полуфинале екипата на "Ликвид" победи со резултат 15:11 додека во второто победи екипата на "Алпојо" со резултат 10:15. По полуфиналните натпревари прво се одигра натпреварот за трето место каде екипата на "Дента Медика" го победи тимот на "НОА" со 14:15. Пред големото финале се одржа натпреварот во тројки на кој се пријавија 8 учесници а наградата за најдобар је освои Драгослав Лихванчев - Гаго со постигнати 14 тројки во една минута. Најдобриот изведувач ЈП Билјанини Извори го награди со оригинал кошаркарска топка.
 pobednicib2q.jpg
Супер финалето навистина беше супер и многу интересно до самата завршница со многу атрактивни потези и пред се фер плеј игра. Овогодишен победник и освојувач на големиот кошаркарски трофеј од турнирот во Баскет 3x3 2019 година е екипата на "Ликвид" која во големото финале ја совлада екипата на "Алпојо" со 15:13. 
 
На првопласираните три екипи организаторот на турнирот им додели медали, торфеј и паричен износ и тоа 15 000 денари за прво, 7 000 денари за второ и 4 000 денари за трето место.pobednicib3q.jpg
 
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите екипи кои учествуваат на турнирот, на сите поддржувачи и пријатели на турнирот. 
Дружењето, рекреацијата и градењето на фер плеј и почит се голем мотив за ЈП Билјанини Извори така што со нетрпение го очекуваме третото издание на Баскет турнирот и се надеваме дека уште поголем број на учесници ќе имаме со посебен акцент на помладата популација.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive