„Имам нешто да ти кажам“ во кафе бар "Шила" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 06 ноември 2019

imam1q.jpgВо четврток, 7ми ноември со почеток од 20:00 часот во кафѐ и бар “Шила“ ќе се оддржи деветото издание на „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.

Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни и светски автори. Повикот за учесници е отворен. Може да чита секој што има своја поезија, и желба за читање.

“Овојпат го подзачинуваме шоуто со тоа што, со предлози од публика и рандом теми извлечени од „шеширот“, поетите ќе треба да создадат песна на лице место од моменталната инспирација, оној што ќе добие најмногу аплауз, добива и пијалок по сопствен избор“ – вели”,,Јован Цветкоски, еден од организаторите, постдипломец на Филмската академија во Охрид и член на НАТГ “Аматер“

“Позитивно сме изненадени од посетеноста на минатите поетски вечери. Охриѓани покажаа дека се желни за уметност и дека се големи љубители на пишаниот збор, безрезервно поддржувајќи го овој проект, кој прерасна во убава традиција секој да може да си ја каже маката или тоа што му лежи на душа во уметничка форма, преку поезија.“кажува Цветкоски.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ - концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.

 

Во продолжение линк од настанот со повеќе информации:

https://www.facebook.com/events/469060180380013/

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive