ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ две години нема нови проекти PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 06 ноември 2019
nema1qa.jpg-Повеќе од две години локална власт на СДСМ, повеќе од две години неработа и негрижа, повеќе од две години лаги и измами, урбана мафија, непотизам и партизација. Со СДСМ нема нови проекти, нема нови инвестиции. Со СДСМ има поскапи сметки за вода, поскап паркинг, само зголемени давачки,кажа на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Перчо Божиноски.


НЕМА изградба на катни гаражи во централното градско подрачје.

Охрид не доби современ Градски Кеј, додека пак пристаништето се распаѓа.

НЕМА ништо од новиот лик на плоштадот Крушевска Република.

НЕМА доградба на постоечките детски градинки и нови фасади на детските градинки.

НЕМА ни трага од четирите спортски сали во ОУ „Кочо Рацин“ - нас. Радојца Новичиќ, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Ванчо Николески“ - Лескоец, ОУТУ „Ванчо Питошески“.

НЕМА изградба на спортска сала и реконструкција на тоалетите во ОУ „Св. Климент Охридски“ во населба Далјан.

НЕМА изграден регионален центар за обука на наставен кадар во соработка со МОН во училиштето во с.Трпејца.

Охрид остана без нов здравствен дом.

НЕМА Детски културен центар, ниту Младински културен центар, ниту изградба на современи детски игралишта.

Охрид остана без нов Театар.

НЕМА модернизација на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“.

Охрид остана без затворен спортски базен, но и без затворен зелен пазар.

НЕМА ништо од спасот на Студенчишкото блато и заштитата на езерскиот еко-систем.

Не е решен проблемот со бездомните животни.

НЕМА Агро центар и изградба на фабрика за отпад.

НЕМА комплетно инфраструктурно уредување на улиците „Абас Емин“ и „Железничка“.рече Божиноски.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive