Геoргиески најави нови улици,плоштади, влез во градот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 21 октомври 2019
vlez1ww.jpgГрадоначалникот  Константин Георгиески на денешната средба со новинарите  најави  проекти кои се од круцијално значење за  Охрид и охриѓани, а  е предвидено да започнат пролетта 2020 година. Ќе се градат нови улици и плоштади, а ќе се уредува и влезот на градот.

– Се работи за комплетна реконструкција и уредување на влезот од Охрид, од страна на Битола. Тоа е од кружниот тек кај „Здружение на возачи“ до   после градските гробишта на улица„15  Корпус“. Оваа улица е во очајна состојба и за неа општината го има изработено основниот и  проектот за инфраструктура. Документацијата веќе е испратена до Јавното  Претпријатие за државни патишта и очекуваме брза реализација таму. Општината  на оваа улица ќе постави атмосферска канализација, а  горниот слој на улицата ќе биде изработен со средства од ЈП за државни патишта.  На дел од улицата ќе има  низок ископ што значи дека прво ќе се изработи улицата па потоа ќе се поставува канализацијата но за еден  дел ние како општина ќе мора прво  да издвоиме околу 18 милиони денари од буџетот во 2020 година  за да ја завршиме  атмосферската канализација, по што  Јавното  Претпријатие за државни патишта ќе пристапи кон изградба  на коловозот.

Во врска со проектот за реконструкција на улицата „Македонски просветители“ последниов период ја завршувавме документацијата во однос на изложување парцели и надминување на други административни пречки. Проектот е веќе аплициран за одобрение и е вреден околу 40 милиони денари, средства планирани  од буџетот за 2020 година. Но  за  Охрид преку Министерство за  Транспорт и врски се одобрени околу  1 милион и 280 илјади евра  средства од Светска Банка, па постои опција  овој проект да го аплицираме преку тие пари за следната година.

Што се однесува до улицата „Абас Емин“ административните работи се завршени. Предметот е веќе во Европска банка за обнова и развој и после таа процедура Министерството за транспорт и врски ќе го распише тендерот. Се надевам дека до распишување на изборите ќе биде распишан тендерот од страна на Министерство за транспорт и врски за да може да тече процедурата.

Во врска со планираната реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ проектот е готов и аплициран за одобрение.

Во месец декември годинава се очекува да биде отворен новиот Зелен пазар во Охрид. Дотогаш треба да заврши  експропријација  на една парцела од 90 метри каде  е предвидено да се изгради катната гаража. Потоа ќе следи  распишување оглас за јавно-приватно партнерство. Физибилити студијата е завршена– рече градоначалникот Георгиески.

Периодов во Охрид интензивно се работи на проекти кои беа најавени пред неполни два месеци. Се реконструира плоштадот кај месноста „Табана“,  а со средства од Центарот за развој на Југозападен плански регион во тек е изградбата на патеката  која од „Сааат кулата“  води  до Горна порта. Завршен е тендерот за нова канализациона мрежа во с. Лескоец вреден 3,5 милиони денари, и се очекува почеток на реализација на проектот. Потпишан е договор за  реконструкцијата на улицата во близина на некогашната касарна „Михајло Апостолски“. Таму тендерот е поминат, избран е најдобар понудувач и по надминување на  административни пречки во однос на одобрението за градба  ќе се започне со градежни активности.  Предвидено е улицата да се пробие, да се изградат тротоари и  коловоз, а ќе се постави и ново осветлување.

Последни измени ( понеделник, 21 октомври 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive