Лидерска средба:Избори на 12 април PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 20 октомври 2019
liderskas1q.jpgПремиерот Зоран Заев на лидерската средба предложил предвремените избори да бидат на 22 или на 29 декември. Како што изјави Заев по завршување на средбата во претседателската вила Водно, опозицијата овој предлог го одбила бидејќи немало услови за 100 дена техничка влада.

„Наш предлог беше изборите да се одржат брзо, во период кога ништо не се случува и кога се очекува Шпанија да го ратификува Протоколот за членство во НАТО и потоа се конституиран парламент и кај нас да биде ратификувано членството. Поради реакцијата на опозицијата да има 100 дена техничка влада пред избори ги разгледувавме 22 и 29 март и 12 и 19 април. Одлучивме изборите да бидат на 12 април. Верувам дека граѓаните мудро ќе одлучат“ рече Заев.

Заев ќе поднесе оставка на 3 јануари кога ќе биде формирана техничка влада. Кој ќе биде негов наследник како премиер во техничката влада по предлог на СДСМ, Заев не кажа, рече тоа дополнително ќе се договара во наредниот период.

Во однос на тоа дали ќе се одржи попис пред изборите Заев рече тоа ќе се случи доколку постојат услови тој да се изведе. Но, ако Државниот завод за статистика не може да се подготви тогаш тој ќе се одржи после изборите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека 12 април ќе дојде до промена на власта и дека сѐ уште е рано да се зборува за имињата кои тие ќе ги понудат за министри во техничката влада.

Последни измени ( недела, 20 октомври 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive