Тестиран најдолгиот непрекинат патнички лет PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 20 октомври 2019
testl1q.jpgАвстралискиот авиопревозник „Квантас“ го комплетираше најдолгиот непрекинат комерцијален патнички лет на светот, како дел од истражувањето какво влијание ќе има вакво патување врз пилотите, екипажот и патниците.

„Боинг 787-9“ со 49 луѓе леташе 19 часови и 16 минути од Њујорк до Сиднеј, поминувајќи пат од 16.200 километри. Следниот месец компанијата планира да спроведе пробен лет од Лондон до Сиднеј и до крајот на годината ќе одлучи дали да почне со вакви редовни линии. Тие би се нашле во понуда најрано во 2022 година.

Според „Ројтерс“, ниту еден комерцијален авион нема капацитет за вакви ултрадолги летови полни со патници и товар. За да избегне долевање гориво, авионот на „Квантас“ полетал со целосно полн резервоар, без товар и со ограничен багаж.

По полетувањето, патниците си ги наместиле часовниците по сиднејско време и биле одржувани будни додека не паднала ноќ во источна Австралија, со цел да се намали џетлегот. Шест часа подоцна, тие добиле оброк со високо ниво јаглехидрати, а светлата биле затемнети за да можат да заспијат. За време на летот биле следени мозочните бранови на пилотите, нивото на мелатонин и будноста, а патниците биле испитувани како ги поднесуваат промените на временските зони.

Моментално, најдолгиот лет на светот е оној од Сингапур до Њујорк и трае 18 часови и 25 минути.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive