Премиерот Заев предложи предвремени избори PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 19 октомври 2019
predz1q.jpgПремиерот Зоран Заев предложи предвремени избори најбрзо што може, во првото обраќање откако вчера Европскиот совет одлучи да не ѝ додели датум за почеток на пристапни преговори за влез во ЕУ и реши за ова прашање да се расправа на следниот самит на лидерите во мај 2020 во Загреб. Заев рече дека со овој предлог ќе настапи утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Заев не даде конкретна временска рамка за можниот датум за избори, рече дека тоа ќе зависи од консултациите со коалиционите партнери и со опозицијата.

„ЕУ не го испорача тоа што го вети, ние го завршивме сите наши обврски, испорачавме сè што се бараше од нас. Факт е дека ние сме жртви на историска грешка на ЕУ и тоа кај сите нас прeдизвикува огромна огорченост. Јас сум разочаран и лут и знам дека целиот наш народ така се чувствува и гo чувствувам како уште една лузна. Ја преземам врз себе разочаранoста на својот народ и одговорно излегувам пред својот народ и порачувам: европскиот сон на македонскиот народ народ нема да биде срушен“, рече Заев.

Заев рече дека предлага брзи предвремени избори, најбрзо што може, на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот на кој треба да се оди, „дали да одиме по вистинскиот пат на европски вредности, напред, или по мрачниот пат на поделби и конфликт и изолацијата што води назад, на патот на пријателството со соседите или конфронтации“.

Последни измени ( сабота, 19 октомври 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive