Доналд Туск:Македонија да не се откажува од ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 18 октомври 2019
tusk1q.jpgПретседателот на Европскиот совет Доналд Туск им порача на Македонија и Албанија да не се откажуваат од својот европски сон откако и двете земји не добија датум за почеток на пристапни преговори со Европската Унија,  на што најгласно се противеше Франција на самитот на Европскиот совет во Брисел.

„Повеќето земји сакаа да се отворат преговори со Македонија и Албанија, но на крајот беше решено ова прашање да се остави за следниот Самит во Загреб, што ќе се одржи во мај 2020. Македонија и Албанија не треба да се обвинуваат себеси за тоа. Двете земји исполнија што баравме од нив и тука особено би го истакнал Преспанскиот договор, кој е исклучително постигнување“, изјави Туск на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел.

Тој кажа дека тоа не е неуспех на Македонија и Албанија, туку грешка на Европската Унија.

„Тие се подготвени, но неколку земји членки не се подготвени и лично мислам дека тоа беше грешка. Сакам да им испратам порака: ‘Ве молам, не се откажувајте!‘. Јас ја разбирам вашата фрустрација во овој момент, затоа што вие завршивте работа, не и некои од нас. Македонија и Албанија го положија испитот, не и Унијата. Лично, чувствувам срам. Понекогаш треба премногу време за да се донесе одлука, но сигурен сум дека еден ден ќе бидете полноправна членка на Европската Унија. Гледајте на посветлата страна, повеќе од 20 земји сакаат процесот на проширување да продолжи. Ова не е крај на приказната. Ќе продолжиме со дискусии и можеби да се најде решение пред Самитот во мај“, изјави Доналд Туск.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive