Мицкоски бара предвремени избори и оставка на... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 18 октомври 2019
mickoski1we.jpgЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара предвремени избори и средба на државниот врв, како единствено решение, како што рече, за излез од кризата настаната со недобивање датум за почеток на преговори со Европската Унија. На прес-конференцијата Мицкоски кажа дека Зоран Заев и неговата Влада се виновни за недобивањето датум од ЕУ.

„Нема датум оти нема реформи, а имаме систем на распаѓање и власт која не испорачува правда. Не е Франција виновник, од Франција треба да земеме пример како треба да се однесуваме како општество. Но, со политичари како Зоран Заев тоа ќе биде невозможна мисија“, кажа Мицкоски.

Тој рече дека членството во Европската Унија е цел кон која се стреми неговата партија и со нивното доаѓање на власт по предвремените избори тоа ќе се случи. Мицкоски повика итна средба на државниот врв на која ќе бидат договорени изборите.

„Народот бара и посакува избори како и јас. Тоа е единствено решение за да се надмине кризата. Колку и да се противи власта, изборите ќе дојдат. Очекувам Заев денеска да си даде оставка, иако тоа требаше да го направи многу порано. Потоа, да се распушти Собранието и да се формира техничка влада 100 дена пред избори“, кажа Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ќе прифати лидерска средба која би ја свикал претседателот Стево Пендаровски, како што се најавува.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive