Кампања за помош на најсиромашните PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 16 октомври 2019
plakata1w.jpgПо повод Светскиот Ден на борба против гладта, 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС”  Црвен крст Охрид од денес ја започнува кампањата за помош на најсиромашните наши сограѓани.

-Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Исто така, Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во повеЌе маркети во Охрид  ќе бидат поставени видно обележени корпи во кои хуманите сограЃани Ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи наменети за помош на социјално загрозените семејства.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна.

Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.
Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град.
    

Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж  дека не се сами, дека некој мисли на нив. Барем за миг да ја вратиме насмевката на нивните тажни лица.
    
Упатуваме апел до нашите сограѓани, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид, во Неделата на борба против гладта и дадат свој придонес, според можностите, во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца,порачаа од Црве крст во Охрид.

   

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive