Немате право за преглед на оваа содржина.
Морате да се најавите.
ОПШТИНА ОХРИД
WEDDING
k
ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018
ЛИТИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ - СТРУГА 2018 VIDEO
ВЕБ
Страдална седмица Воскресение Христово VIDEO
Хардвер
Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge
Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge
На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот
кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy
Bridge.
Видео
ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА VIDEO
Иновации
Најнови технолошки чуда
На тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа
претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот,
еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја
заинтересираат светската јавност.
Софтвер
Хардверски антивирус
Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky, патентираше
хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на
вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе
заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата
антивирусна база независно од самиот систем.
Извор :Ентер
Последни Вести
Во просториите на Општа болница – Охрид, од денес функционира
регионалниот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување
од аутистичен спектар. Центарот е опремен со најсовремена соодветна
опрема која ги опфаќа сите потреби на децата, од психолошки развој до
социјализација.
Читај повеќе...
По завршувањето на распишаниот конкурс од страна на Општина Охрид за
стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта
година од средните училишта, жири комисијата во состав Славе Ѓорѓо
Димоски (претседател), Светлана Голабоска (член) и Митре Велјаноски
(член) донесе одлука за најдобрите, од вкупно пристигнатите 27 поетски
творби посветени на животот и делото на Св. Климент Охридски.
Читај повеќе...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(19) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и против Н.Ј.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“. Тие, кривичните дела ги сториле на 19.10.2019 во 22.10 часот на ракометен натпревар во Струга. Првопријавениот агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници, додека второпријавениот се обидел физички да ги нападне полициските службеници и да ги спречи во преземањето на службените дејствија.
Во пресрет на премиерата на филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски,
а поради преголемата заинтересираност за билети, донесена е одлука да се одржи и
втора проекција на филмот. Со тоа сакаме да им излеземе во пресрет на сите
заинтересирани гледачи кои сакаат да го погледнат филмот,соопштија од
Pandora's
Box Production.
Читај повеќе...
-Со СДСМ Македонија е на прав пат – Зборот е збор. Она што го ветивме го
остваруваме,кажа на денешната прес конференција Сашо Ставрески од ОО на СДСМ- Охрид.
Читај повеќе...
На
предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија највисокото општинско
признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му
се додели на прерано починатиот градоначалник проф. д-р Јован
Стојаноски,соопштија од локалната
самоуправа.
Читај повеќе...
Во
Студенчишкиот канa л денес потона брод од чиј резервоар се излеја поголема количина
на нафта која плива по водата.Од Капетанијата на македонските пристаништа велат
дека станува збор за стариот брод “ Лихнида ” кој долго време е зактовен во каналот.
Читај повеќе...
По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лица со инвалидност,
градонацалникот Константин Георгиески оствари средба со
инвалидизираните лица од Охрид и Дебрца во просториите на Здружението
„Мобилност“.
Читај повеќе...
На 02.12.2019 година околу 18 часот, на
магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на охридското село Оровник, при
преглед на патнички автомобил „Опел Корса“ со прилепски регистарски ознаки,
управуван од Р.А.(34) од селото Житоше, општина Прилеп, пронајдени, одземени и
предадени на вештачење се пет најлонски ќеси со зеленкаста опојна растителна
материја. Возачот е приведен и по целосно документирање на случајот, против него
ќе биде поднесена кривична пријава.
Црвен
крст Охрид, а воедно и градот Охрид е
побогат за уште една музичка содржина. Деновиве во рамки на Црвен крст Охрид
започна да делува женскиот хор A Cordis . Петнаесет дами под водство на диригентот професор
Билјана Николоска, секој понеделник со
своите прекрасни гласови, изведуваат познати музички дела подготвувајќи се за
својот прв јавен настап кој со нетрпение го очекувамего за Новогодишните
празници