Охрид викендов е светски кулинарски центар PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 13 октомври 2019
kulinarski1qq.jpgСветски познати готвачи и шефови на кујни се дел од четвртото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар – „Гастро Мак”, кој деновиве се одржува во Охрид.

Во рамки на предвидената програма, вчеравечер, дел од кулинарските активности и презентации ги проследи Претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.

--Ми претставува особена чест и задоволство во мое лично име и во името на охридската локална самоуправа да Ве поздравам и да ја искажам нашата благодарност што со организирањето на четвртото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар „Гастро Мак”, овој празничен викенд, Охрид го претворивте во светски центар на кулинарството, каде што своите готвачки способности и потенцијали ги одмеруваат реномирани светски готвачи и шефови на кујни.  

Нашиот туристички центар има широка понуда на угостителски објекти, кои од година во година започнуваат да ги следат новите трендови и започнуваат да се идентификуваат со уникатни специјалитети и сопствен печат во подготвувањето и сервирањето на храната. Сметам дека овој настан е од големо значење за современ развој на угостителството и за промоција на Охрид како туристички центар. Овој настан ќе придонесе за промоција на кулинарските потенцијали на овој регион, понудени на модерен начин во согласност со светските угостителски стандарди.

Општина Охрид секогаш е  подготвена за поддршка на вакви настани, кои се во насока на промоција на Охрид како туристички центар и настани кои придонесуваат за збогатување на туристичката понуда надвор од шпицот на летната туристичка сезона, истакна Ангелоска во своето обраќање пред присутните.

На овогодинешното издание на „Гастро Мак“ учествуваат над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive