Кипчоге прв во историја истрча маратом за помалку од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 12 октомври 2019
prvt1q.jpgЕлиуд Кипчоге стана прв човек во историјата кој успеал да истрча маратон за помалку од два часа, спуштајќи се за 20 секунди под магичната бариера.

Триесет и четиригодишниот Кениец испиша историја на трката „Инеос 1:59 челенџ“ во Виена, каде што делницата од 42,2 километра ја истрча за време од еден час, 59 минути и 40 секунди. Ова нема да биде признато како нов светски рекорд во маратон, бидејќи резултатот не е остварен на отворено натпреварување и на Кипчоге му помагаше тим од 40-ина пејсмејкери, вклучувајќи некои од најдобрите светски тркачи на средни и долги патеки.

Актуелниот олимписки првак во маратон првпат се обиде да го изведе ова во 2017 година во Монца, но тогаш не успеа за 26 секунди.

 

Кипчоге постојано беше бодрен од илјадници гледачи додека трчаше четири круга околу виенскиот парк Пратер, а преносот на Јутјуб го следеа 450.000 луѓе.  Тој цело време беше во рамките на рекордот, трчајќи еден километар за две минути и 50 секунди и никогаш не беше побавен од 2:52.

„Се чувствувам добро. Беа потребни 65 години за човек да испише историја, односно откако Роџер Банистер прв истрча една милја за помалку од четири минути. Среќен сум што сум прв човек во историјата кој истрчал маратон за помалку од два часа. Ниту еден човек нема ограничувања и очекувам повеќе луѓе да го направат ова во иднина. Сакам да им се заблагодарам на сите кои помогнаа. Денеска сите заедно испишавме историја“, изјави Кипчоге, кој во целта беше пречекан од сопругата Грејс.

Кипчоге се појави на светската атлетска сцена во 2002 година и на само 19 години стана светски првак во маратон. Од Олимписки игри има и бронза (Атина) и сребро (Пекинг) и злато (Рио де Жанеиро), а тој е и официјален светски рекордер во маратон, со време од 2:01:39 часови, остварен лани во Берлин.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive